МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД ГО ДОГОВОРИ ПРВОТО ЗАСИЛУВАЊЕ ЗА СЛЕДНАТА СЕЗОНА

Првиот трансфер на Оле Гунар Солшер како менаџер на Манчестер јунајтед ќе биде Даниел Џејмс од Свонси, пишуваат англиските медиуми.

„Црвените ѓаволи“ ќе платат 15 милиони фунти за 21-годишниот крилен напаѓач, чиј договор со „лебедите“ истекува во јуни 2020 година. Овој фудбалер требаше да го засили Лидс јунајтед и трансферот веќе беше договорен, но условот беше тимот на Марсело Биелса да избори пласман во Премиерлигата.

Откако тоа не се случи, Манчестер јунајтед реагираше најбрзо и успеа да го договори Џејмс. Својата кариера ја започна во Хал како младинец, а од 2016 година е дел од Свонси. Иако е роден Англичанец тој настапува за репрезентацијата на Велс и веќе има два настапи за сениорскиот тим.

Извор: Спорт1

Слични Објави