| |

ИВАНОВ И ОФИЦИЈАЛНО СИ ПОБАРА КАНЦЕЛАРИЈА-ДАЛИ ЌЕ ЈА ИЗГУБИ „ЉУБОВТА“ НА ДПМНЕВСКИТЕ ПОРТАЛИ, БИДЕЈЌИ СЕ УШТЕ НЕ ГИ ПОМИЛУВА ОСУДЕНИТЕ ЗА „КРВАВИОТ ЧЕТВРТОК“?

Утрото од последниот работен ден, Иванов го искористил да испрати барање до Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), јавува Плусинфо. Од Владата за истиот портал потврдуваат дека штотуку стигнало писмено барање од Водно во кое во рамки на буџетот кој го следува по заминување на функцијата, Иванов бара да се склучи договор за изнајмување на канцелариски простор кој тој веќе го пронашол.

Инаку во изминатите неколку дена порталите поврзани со ВМРО-ДПМНЕ, се прашуваат дали Иванов не е уценет со нешто и затоа не ги помилува осудените за настаните од 27 април 2017 г. Професорката Каракамишева преку својот facebook профил го повика својот веќе поранешен колега од Правниот факултет, да ги помилува осудените.



Слични Објави