|

Први фотографии од Минхен по упадот на автомобил во група демонстранти

Најмалку 15 лица се повредени кога автомобил „мини купер“ влетал во група луѓе во Минхен, Германија. Според непотврдени информации, автомобил влетал во група демонстранти.

По инцидентот, возачот е уапсен. На стампедото наводно му претходело пукање, пренесува „Билд“.

На социјалните мрежи се појавија првите фотографии од местото на настанот, на кои се гледаат голем број полицајци и пожарникари околу автомобилот што го предизвика инцидентот.

На фотографиите се гледаат и луѓе што лежат на земјата.

Според очевидци на местото на настанот, автомобилот намерно влетал во група луѓе на улицата.

Засега не е познато што му претходело на инцидентот.

Текстот Први фотографии од Минхен по упадот на автомобил во група демонстранти е превземен од МАКФАКС.

Слични Објави