| |

96 годишна жена од Бугарија донираше 100 000 лева во болницата во нејзиниот град

Бугарка на 96 години донираше 100 000 лева на болницата во Димитровград во Бугарија, јавува БГНЕС. Одлуката да ги донираат парите семејството Јотови ја носи по смртта на нивната ќерка за време на пандемијата од Ковид 19.
,, Што можевме да направиме со толку многу пари, одлучивме дека откако ќе ги земеме ќе ги дадеме за благотворителност”, вели 96 годишната госпоѓа Керка Јотова.
Со парите на нејзиното семејство поранешното Ковид одделение на болницата во Димитровград ќе биде претворено во ново детско одделение.
Денес возрасната жена живее скромно и верува дека нејзиниот пример ќе биде поттик и за другите .
,,Луѓето што имаат повеќе треба да помагаат “, вели таа.



Слични Објави