| |

НАША ЧИТАТЕЛКА: ВО ВРЕМЕ НА ЕПИДЕМИЈА ОД МОРБИЛИ ВО ПРИЛЕП НЕМА ДЕЖУРЕН ДОКТОР ПЕДИЈАТАР А НИТУ СЕ ВРШИ ВАКЦИНАЦИЈА

Наша читателка од Прилеп ни се пожали дека во моментот во Здравствениот дом од истиот град, немало дежурен доктор, како замена за докторката која била на одмор. Нашата читателка тврди дека од Здравствениот дом и кажале дека нема да се врши вакцинација на деца против морбили до 25 јуни.

Дали е нормално во време на прогласена епидемија од морбили во Прилеп да нема дежурен доктор педијатар а вакцинацијата на дечињата да се одложува со недели, прашува младата прилепчанка.

Слични Објави