Ковачев за годишнината од атентатот во црквата „Св. Недела“: Да не се заборави, кој стоел позади овој терористички чин
Денеска се навршуваат 100 години од најголемиот терористички акт во историјата на Бугарија – атентатот врз црквата „Света Недела“. Почит и вечен спомен на жртвите кои загинаа во овој суров чин на насилство, извршен од Бугарската комунистичка партија по наредба на Георги Димитров и Коминтерната и директно финансиран од Москва! Ова на својата facebook страна го напиша бугарскиот европратеник од редовите на ГЕРБ-ЕНП д-р Андреј Ковачев.
„Наша должност е да го одржуваме споменот за овој датум и да им го пренесуваме на генерациите, за да не се заборави кој стоел зад терористичкиот напад, како и неговите последици. За време на нападот загинале над 200 луѓе, а стотици биле повредени, но десетици илјади Бугари беа исто така репресирани и убиени од криминалниот комунистички режим, што доведе до долгорочно заостанување на Бугарија од нејзиниот европски и демократски пат.
Нека оваа стогодишнина не потсетува дека политичкото насилство никогаш не било и нема да биде начин за решавање на несогласувањата во едно општество.
Да се потсетиме и никогаш да не дозволиме поделбата да доведе до омраза и насилство. Само демократијата, владеењето на правото и образованието можат да нѐ заштитат од вирусот на теророт и насилството“, пишува Ковачев.
