|

(Видео) К8: Разговор за хуманитарните инициативи во Бугарија за настраданите во Кочани

Во синоќешната емисија на македонско-бугарската седенка „Коридор 8“ разговаравме за неколку значајни настани што се случија во Бугарија, како поддршка за настраданите од трагедијата во Кочани, Република Северна Македонија.

На спортскиот фронт, се одржа фудбалски натпревар помеѓу бугарските „Ѕвезди од 94-та“ и фудбалските ѕвезди на РС Македонија. Овој натпревар, исполнет со спортски дух и заедништво, имаше за цел собирање средства за оние кои беа засегнати од трагедијата.

Македонското културно-просветно друштво „Гоце Делчев“ од Варна организираше хуманитарен концерт. Средствата собрани од овој настан се наменети за децата настрадани од несреќата во Кочани.

Учениците од приватното основно училиште „Цар Симеон Велики“ во село Ивањане организираа хуманитарен велигденски базар. Тие успеаја да соберат 5300 лева, кои, според зборовите на директорката на училиштето, Марија Иванова, ќе бидат донирани за помош на настраданите од пожарот.

Слични Објави