Бугарија со прво учество во најголемата вежба на НАТО за нуклеарна, хемиска, биолошка и радиолошка одбрана „BRAVE BEDUIN 2025“
Професионализмот и подготвеноста за акција на припадниците на бугарската армија во услови на современи закани беа прикажани за време на нивното прво учество на една од најзначајните меѓународни вежби на НАТО во областа на нуклеарната, хемиската, биолошката и радиолошката (НХБР) заштита „BRAVE BEDUIN 2025“. Вежбата се одржа од 4 до 8 мај во градот Скиве, Кралство Данска, со учество на претставници од 19 земји-членки на Алијансата, јавува БГНЕС.
„BRAVE BEDUIN 2025“ е компјутерски-потпомогната командно-штабна вежба, насочена кон зголемување на способностите за предупредување и пријавување на НХБР настани во динамична меѓународна средина. Учесниците работеа со воспоставениот софтверски производ CBRN Analysis и ги применуваа процедурите утврдени во документите на НАТО, со цел да се постигне поголема оперативна компатибилност меѓу националните структури и команди.
Во текот на вежбата беа извежбани три главни задачи: Унапредување на процесите за предупредување и пријавување, обезбедување на точни стручни анализи за планирање и спроведување на заштитни мерки и размена на добри практики и знаење меѓу националните тимови.
Од бугарска страна, во „BRAVE BEDUIN 2025“ учествуваа припадници на заедничкото командување на силите, воено-воздушните сили, центарот за набљудување и контрола на радијационата, хемиската, биолошката и еколошката состојба и главните информативни центри.
За време на вежбата, бугарските воени лица покажаа висок степен на професионализам, одлична подготовка способност за брза адаптација кон процедурите за утврдување на состојбата и пријавување на НХБР настани и подготвеност за ефективно учество во заеднички сојузнички активности.
Учеството на Бугарија во „BRAVE BEDUIN 2025“ не е само признание за високата стручност, туку и важен чекор кон зајакнување на националниот капацитет во областа на НХБР заштитата и бугарскиот придонес кон колективната безбедност на Алијансата.

