Бугарски ученици освоија медали на Олимпијадата по хемија во Бразил
Бугарските учесници на меѓународната Менделеева олимпијада по хемија во Бело Оризонте, Бразил, освоија еден сребрен и три бронзени медали, соопштија од Министерството за образование и наука (МОН) на Бугарија. Тие се натпреваруваа со 188 натпреварувачи од 40 земји. Сите четворица медалисти се ученици од Софиската математичка гимназија „Паисиј Хилендарски“.
Менделеевата олимпијада е еден од најпрестижните натпревари по хемија во светот и се одржува од 1992 година, додека првото учество на Бугарија било во 2004 година. Со медалите од оваа година, вкупниот успех на Бугарија на Менделеевата олимпијада изнесува: 2 златни, 16 сребрени и 28 бронзени медали.

