| |

Организација на македонски Бугари во САД во одбрана на Љупчо Ѓоргиевски и споменот на Иван Михајлов

„Вистината не може да биде заглушена – таа секогаш си го наоѓа патот.“

Ова се вели во ставот на Фондацијата „Гоце Делчев“, создадена од македонски Бугари во САД, пренесува БГНЕС. Таа испраќа јасен знак на солидарност кон Љупчо Ѓоргиевски од Битола – „горд македонски Бугарин, кој не потклекнува под притисок и отворено го брани својот идентитет“.

Во писмото се осудуваат обидите за промена на историската меморија и злонамерното оцрнување на Иван Михајлов – еден од лидерите на историската ВМРО, како и неправедниот судски процес против Ѓоргиевски.

Повод за ставот се почестите публикации во медиумите во земјата, во кои Михајлов е нарекуван „фашист“, „ксенофоб“ и „антисемист“. Според авторите на писмото, ова се „неосновани и длабоко погрешни обвинувања, които ја искривуваат неговата дејност и вистината за ослободителното движење во Македонија“.

„Иван Михајлов го посвети својот живот на каузата за создавање на независна македонска држава – обединета, инклузивна за сите етнички групи во географската област Македонија, но изградена врз основа на македонскиот бугарски идентитет“, се нагласува во текстот. Во него се потсетува дека под раководството на Михајлов, ВМРО била една од првите организации кои активно се спротивставиле на депортацијата на Евреите од територијата на Царство Бугарија.

Еден од најсјајните примери за тоа е спасувањето на Рафаел Камхи од Солун – операција изведена од ВМРО, која завршила со негово безбедно префрлање во Софија.

Вознемирувачка е и современата практика во Северна Македонија, каде луѓето кои го цитираат или се повикуваат на делата на Иван Михајлов автоматски се осудуваат. „Ваквите дејствија не се само неправедни, туку изгледаат како дел од целнасочена и координирана кампања против сè што е поврзано со македонско-бугарскиот идентитет“, стои во ставот на организацијата.



Слични Објави