| |

Потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова го отвори 22-от Меѓународен детски етно фестивал „Деца од Балканот – со духовност во Европа“ во хасковското село Минерални бањи

Потпретседателката на Бугариja Илијана Јотова го отвори 22-от Меѓународен детски етнофестивал „Децата на Балканот – со духовност во Европа“ во хасковското село Минерални бањи, јавува прес-службата на бугарскиот претседател.

„Минерални бањи три дена ќе биде престолнина на децата од Балканот, од Украина и Молдавија – со толку многу бои, шарени народни носии, талент, убавина“, изјави Јотова во својот говор до децата и гостите на фестивалот – над 2.200 учесници од цела Бугарија, Република Северна Македонија, Украина, Молдавија, Косово, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора.

„Обично за Балканот се зборува како за извор на конфликти и поделби. Овој фестивал докажува дека има многу луѓе кои го покажуваат другото лице на Балканот преку талентите на нашите деца, кои со своите пријателства градат многу постабилни патишта од оние патишта изградени од камен. Овде нема поделба поради возраст, јазик, религија или етникум“, истакна Јотова.

Таа им заблагодари на наставниците, воспитувачите и родителите што ги учат децата на разбирање, на желбата да пружат рака за поздрав, за пријателство, за поддршка, да сакаат и да знаат да го разберат другиот.

„Со овој фестивал им го пренесуваме и најважниот урок – за хуманост, добрина и толеранција“, рече Јотова. „Нашата порака е во името на доброто на нашите деца, кои од нас, возрасните, очекуваат мир, заштита и услови за нивниот развој“, нагласи потпретседателката на Бугарија.

Меѓународниот детски етнофестивал „Децата на Балканот – со духовност во Европа“ се организира од Конфедерацијата на независните синдикати во Бугарија и Добротворниот фонд „Проф. д-р Желјазко Христов“ со поддршка на општина Минерални бањи.

Илијана Јотова положи цвеќе пред спомен-плочата на основачот на фестивалот проф. д-р Желјазко Христов. Таа му заблагодари на претседателот на КНСБ и претседателот на Управниот совет на добротворниот фонд Пламен Димитров за тоа што го чува и развива наследството на проф. Христов. „Тој беше голем Бугарин, со широка душа, со грижа за луѓето, со поглед секогаш насочен кон оние кои имаат потреба од помош и поддршка“, истакна Јотова.

Слични Објави