| |

Македонија-Бугарија: Заплетени во мрежата на sons of a bitches

Пишува: Владимир Перев 

1. 
Мицкоски знае добро да работи со бројките. Човек што за толку кратко време стигнал до позајми шести-седум милијарди евра од Западниот свет и што има план како да ги потроши, треба да е добар со математиката…но и со политичките манипулации.  Впрочем, тоа е дел од неговата поширока струка. Ама кога се работи за бројките со Бугарите во Македонија, наместо математика, на површина испливуваат страсти, омраза и шовинизам кон бугарскиот народ и бугарските традиции во земјата и народот кои тој треба да ги раководи, барем сега засега. 

Да, точно е дека во РСМакедонија има околу 800 бугари на кои мајчиниот јазик им е бугарски, но тоа НЕ се “македонските бугари“, тоа се “бугари во Македонија“, кои дошле овде од Бугарија како зетовци и снаи на македонски граѓани, или се нашле како резултат на демографските промени во Србија и неможноста на бугарите таму да опстојат во областа наречена Западните покраини, Царибродско и други. Тоа се оние кои учеле бугарски јазик во тамошните бугарски училишта. Овде ги довела неволјата или потрагата по подобар живот. 

2. 
Ние,македонските бугари сме овде од доаѓањето на Словените, од Првото Бугарско Царство па наваму, повеќе од 1300 години. Од нашите пазуви потекнува глаголицата, нашата писменост, потоа доаѓа и кирилицата, како потврда на нашата самосвест. Од кај нас почнува Преродбата, од наша крв и плот е отец Паисиј Хилендарски и неговата порака за нашата национална гордост. Овде се нашите гробови, нашата историја, нашите победи и трагедии. Повеќе од 800 илјади македонски бугари, на почетокот на 20. век се иселиле во Царство Бугарија, за таму да живеат и да се образуваат во слободниот свет за кој мечтаеле. Еден дел од нас, сме останале овде. Ние сме пламенот на незаборавот, чуварите на веќе одамна загубената територија, чуварите на заборавените гробови и напуштените илузии. Напуштени и понижувани дури и од “своите“?!

3. 
Има една бројка која Мицкоски не ја споменува. Тоа се оние 120 илјади македонци кои имаат бугарски“документи“, се мисли на пасош, за некои од нив, да заминат на “печалба“ во земјите од Западна Европа. Меѓу нив ги има секакви, како и во секој народ, но еден дел од нив членуваат во македонистичките или пројугословенските организации во Европа, а немал број активно се вклучени во антибугарската пропаганда во светот. Потпишале документи за своето бугарско потекло и самосвест (за себе и своите предци), за потоа да говорат дека тоа било само со намера да дојдат до парче леб во странство. Такви ги има во секоја нација, тоа се нашите sons (и ќерки) of bitches, нашите подлеци, оние кои се лажат себе сѝ, мислејќи дека го лажат целиот свет. Тие се опората на Мицкоски и на македонистичката антибугарска политика, во нив е надежта дека постоењето на бугари во Македонија ќе биде анулирано и избришано од сите можни регистри. “Слаба е таа ракија“, што би рекле тиквешани. Илузија е дека нивното молчење, согласување со политиката на оваа влада, па и на претходните, може да биде некаков мостобран за одбрана на македонскиот идентитет. Тие луѓе имаат своја философија, а познато е дека sonofabitch,s  не ја спасиле ниту една држава и нација…евентуално се спасиле себе сѝ! Знаат дека овдешните власти не им веруваат, ги проверуваат на секое враќање од Западот и им даваат насоки за држање. Затоа и учествуваат во антибугарски пројави низ Европа, за да се допаднат на власта во РСМ и да се спасуваат самите себе.  

4. 
Не знам кому во Македонија му текна дека државните глави на Македонија и Бугарија треба да имаат средба на самитот на НАТО во Хаг. Поканата е испратена, ама одговор нема. Исто како и славното  “писмо на Тито“ кое “не стигна“ никаде, бидејќи немало “марка“…се знае на кои “марки“ мислеа југословените. Македонската политика вклучи толку многу надворешни фактори, претежно незначајни, во решавањето на “бугарите во Уставот“, што секоја средба е излишна. Несреќниот Извештај на Вајц за напредокот на РСМ и самоповиканото посредништво на Марта КОС (!), само ги потврдуваат сомнежите дека антибугарската кампања во Македонија е пуштена на најсилно, а секој нов контакт, за нешто кое е решено па треба да се ПРЕрешава, ќе значи саботирање на принципите на Францускиот предлог и на позициите на ЕУ. Може би некој се надева на гласање “минус еден“?! 

5. 
Мицкоски сака да раскажува фантасморгии а јас ги сакам дистопичните филмови. Може да се сретнеме некаде на средината. Сега веќе знаеме дека нема да има средба во Хаг меѓу Силјановска Давкова и Румен Радев, но затоа би можело(!?) да има меѓу Желјазков и Мицкоски. Значи, седат они така во салата за состаноци, пред нив се соодветните знамиња (протоколите веројатно веќе ги научија), разговараат за “тешките“ теми за бугарите во уставот и за македонската “вековна“ идентичност и јазик, а од надвор се слушаат гласови на  демостранти.  Тоа се оние “нашите“ ама и “нивните“,  sons(и ќерки) of bitches, како демонстрираат во поддршака на Мицкоски, со надеж дека кога ќе се вратат дома, никој нема да ги распрашува во УБК или ќе бидат прогласени за херои од своите комшии и пријатели…“вистински“ македонски патриоти, со вистински бугарски пасоши и лажни изјави! 

Никому не му треба таа работа…ако Ленин се оградувал од своите “мангупи…“, ние треба да ги игнорираме нашите sonofabitch,s! 

Никому не му се нужни празни, стерилни средби, без решенија и со бескрајни одолговлекувања за прифаќање на позициите на ЕУ. 

Треба јавно да се каже и признае, дека многу по тешко е да се манипулира со луѓе и цели држави, отколку познатите математички манипулации со пари! 



Слични Објави