| |

Нема директна закана за безбедноста на Бугарија, разгледани се превентивни мерки поради состојбата на Блискиот Исток

Претседателот на Бугарија, Румен Радев, денеска одржа консултативна средба посветена на проценка на можните ризици и закани за националната безбедност како резултат на комплицираната безбедносна состојба на Блискиот Исток.

На средбата учествуваа претставници на Министерството за одбрана, Министерството за внатрешни работи, Министерството за надворешни работи, Државната агенција за разузнавање, Военото разузнавање и Државната агенција за национална безбедност, соопшти кабинетот на претседателот.

Беа изнесени извештаи од безбедносните служби и ресорните министерства. Според доставената анализа, во моментов не постои директна закана за безбедноста на Бугарија.

Учесниците разговараа и за можни превентивни мерки за зголемување на безбедноста доколку дојде до ескалација на кризата, како и за евентуална евакуација на бугарски државјани од регионот на Блискиот Исток доколку тоа стане неопходно.

На средбата била разгледана и имплементацијата на мерките договорени на седницата на Советот за национална безбедност што ја свика претседателот Радев на 4 октомври 2024 година поради конфликтите на Блискиот Исток.



Слични Објави