| | |

(Галериja) Петтиот македонско-бугарски собир „Коридор 8“ се одржа во близина на Рилскиот манастир

Во подножјето на величествената планина Рила, се речиси 50-на учесници од Бугарија и РС Македонија се одржа Петтиот македонско-бугарски собир за пријателство „Коридор 8“ организиран од едноимениот подкаст и неговата заедница. Собирот се одржа во близина на еден од најзначајните духовни и културни споменици на Бугарија и Балканот – Рилскиот манастир, а официјално беше отворен вчера во 15 часот, од авторот и водител на подкастот „Коридор 8“ Георги Станков.

Организаторите го опишуваат настанот како можност „нормалните луѓе да покажат дека постои простор за пријателство, дијалог и заедничка иднина“.

„Собирот годинава беше Пети Рилски, посветен на 120-годишнината од Петтиот (Рилски) конгрес на ВМОРО – симболичен настан кој го одржавме крај Рилскиот манастир, исто како што било пред 120 години. Во моето обраќање посочив дека ние не само што имаме заедничка историја, туку создавајќи ја иднината – заеднички, градиме мостови што ги поврзуваат луѓето од двете страни на границата. Особено ми беше драго што Душко (Душко Крстевски, поет и преведувач од Скопје, еден од активните следбеници на Коридор 8 бел. уред.) се вклучи со силна порака, истакнувајќи дека подкастот „Коридор 8“ во изминативе речиси пет години прерасна во вистински медиумски и културен мост помеѓу народите. Посетата на Рилскиот манастир беше значаен дел од културната програма – симболично потсетување на корените и духовната поврзаност“, вели авторот и водител на Коридор 8 Георги Станков.

Станков соопшти дека годинава посебни признаници ОКИ за активно учество во иницијативата добиле д-р Пламен Петров од Ќустендил, маестро Христо Христов од Софија, Елисавета Шапкарева од Софија, Мира Мирчева од Пловдив и Илија Вељанов од с. Сопот, Кавадаречко.

„Првите ОКИ признанија ги врачив минатата година во Битола на Огњан Куцев и Кирил Илиевски, по кои признанијата и го добија името“, додава Станков.

Првата вечер на собирот беше збогатена со настап на легендарната бугарска рок група „Епизод“. Со легендарните бугарски рокери запеа токму Кирил Илиевски, голем љубител на македонскиот и родопскиот фолклор, како уште еден симбол на современото културно зближување.

Годинава симболичен домаќин на настанот беше комплексот „Валдис“, кој се наоѓа во непосредна близина на манастирот. И оваа година организатор на собирот е Огнјан Куцев, еден од најактивните членови на заедницата на „Коридор 8“.

Меѓу присутните пријатели и поддржувачи на македонско-бугарската седенка се бугарската поетеса Елисавета Шапкарева, бугарскиот диригент Христо Христов, потомци на големите револуционерни и преродбенички родови од Македониja Шапкареви и Делчеви и многу гости од Бугарија и Република Северна Македонија.

По традиција собирот на „Коридор 8“ се одржува на локации во Бугарија и во Република Северна Македонија. Првиот собир симболично се одржа во близина на железничката станица Ѓуешево, таму каде што завршува и железничката линија, што чека веќе веќе децении, да го продолжи својот пат кон Република Северна Македонија.



Слични Објави