| |

Бугарија ќе ги зголеми средствата за одбрана на 5% од БДП

Бугарија планира значително зголемување на буџетот за одбрана – до 5% од бруто домашниот производ (БДП) до 2035 година. Ова го најави бугарскиот министер за одбрана, Атанас Запрјанов, пред почетокот на самитот на НАТО што започнува утре во Хагa, јавува БНР.

„Има одлука на Владата со која е определен мандатот за водење на разговорите. Ние го поддржуваме предлогот на американската страна за воени трошоци од 3,5% од БДП за одбранбени капацитети, плус дополнителни 1,5% за инфраструктура и други логистички потреби“, изјави Запрјанов.

Според министерот, оваа амбициозна цел ќе биде остварена до 2035 година, а не до 2032 како што првично се предвидуваше. Тој додаде дека се чека официјалната одлука од шефовите на држави и влади на земјите-членки на Алијансата.

Бугарската делегација на самитот ја предводи премиерот Росен Желјазков. Запрјанов истакна дека фокусот на состанокот ќе биде поставен на плановите за одбрана и одвраќање, при што и Бугарија активно учествува во тие процеси.



Слични Објави