Фондацијата „Бугарска Памет“ со нова донација за две училишта во областа Голо Брдо во Албанија
Фондацијата „Бугарска Памет“ донираше интерактивна смарт табла и мултифункционалнa машина за копирање на две училишта во историската област Голо Брдо во Албанија, а имено- Основно училиште „Шабан Елмази“ – село Мало Острени и Средно училиште „Елмаз Кочи“ – село Големо Острени, јавуваат од Фондацијата.
Двете села се наоѓаат во административната област Дебар, која според последниот попис има најголема концентрација на население со бугарска самосвест во Албанија, по областа Кукс.
„Важно е да се истакне дека донацијата не е наменета само за децата со бугарско потекло, туку за сите ученици кои посетуваат настава во овие две училишта“, велат од Фондацијата и додаваат дека „веруваат дека образованието, знаењето и солидарноста не познаваат етнички граници“.
Донацијата беше свечено врачена на директорите на училиштата Илир Сејдини и Члирим Муча од страна на вонредниот и ополномоштен амбасадор на Република Бугарија во Република Албанија Ивајло Киров. Фондацијата изразува длабока благодарност за поддршката.
„Благодарност и до сите соработници и институции кои придонесоа донацијата да се реализира без проблеми! Интерактивната табла и копирниот уред ќе бидат активно користени од почетокот на новата учебна година, кога ќе бидат споделени и дополнителни фотографии од нивната примена во наставата“, велат од Фондацијата.

