МАЈКА ОД ПЕКОЛОТ: ДО СМРТ ЈА ПРЕТЕПАЛА СВОЈАТА ЧЕТИРИГОДИШНА ЌЕРКИЧКА
34- годишна жена од западна Украина е обвинета дека ја претепала својата четиригодишна ќерка до смрт, пренесува украинската новинска агенција Униан.
Вика Шелестова, од селото Кодакивци во западна Украина, претрпела сериозни повреди пред да падне во кома во болницата. Во болницата дошла целата со модринки, со повреди на внатрешните органи и скршеница на раката.
34-годишната мајка ги негирала обвинувањата и тврдела дека нејзината ќерка имала епилептични напади. Но, нејзиното објаснување веќе го побиле лекарите и социјалните работници.
Несреќното девојче претходно живеело во згрижувачко семејство и неодамна и било вратено на нејзината мајка заедно со нејзината постара сестра.
На мајката судот и одредил притвор од два месеци. Таа е обвинета за намерно нанесување тешка телесна повреда што резултирала со смрт. Доколку биде осудена, се соочува со затвор од седум до десет години.