Одбележуваме 127 години од раѓањето на големиот македонски Бугарин од Прилеп Јордан Чкатров
На 4-ти април 1897 г. во Прилеп е роден ЈОРДАН ТОМОВ ЧКАТРОВ, активист на ММТРО и ВМРО. Учел во Бугарската гимназија во Битола, потоа во Скопје и Софија. Од 1912 – 1915 г. учествува во младинска група, која го саботира српското управување и администрација во Прилеп. Завршил право во Швајцарија. Еден е од основачите на студентско друтво „Вардар“. Станува близок на ВМРО и пред Г. Баждаров дават заклетва Иван Михајлов, Јордан Чкатров и Крсто Велјанов во Македонската младинска тајна револуционерна организација. Во 1924 г. Тодор Александров го испраќа Чкатров во САД, за да учествува во организирањето на новосоздадената Македонска патриотична организација. Три години е на должност секретар на ЦК на МПО, додека Пандил Шанев е претседател на организацијата. По убиството на Т. Александров Ј. Чкатров го привлекува МПО кон десните сили на револуционерното движење. Тој има основна ролја и во создавањето на весникот „Македонска трибуна“ и е негов главен редактор. По враќањето во Бугарија е среде видните дејци на михајловистичкото крило на ВМРО. На 26-ти јануари 1930 г. група протогеровисти начело со Лев Главинчев прави неуспешен обид да го убие. По Деветнаесетомајскиот преврат од 1934 г. Ј. Чкатров и други дејци на растурената ВМРО се затворени од новата власт. Тој поддржува контакти со други дејци и пишува статии, посветени на македонското прашање, во кои ја критикува политиката на зближување со Југославија на тогашните бугарски влади. Чкатров е еден од основачите на Бугарските акциони комитети во Вардарската бановина во 1941 г. Работи како адвокат во Скопје. Од 4 – 5-ти јули 1942 г. во неговата адвокатска канцеларија се спроведеува средба, на која што присуствуват 19 души видни обштественици, политичари, трговци и кметови. Тие му предлагат на Чкатров да стане министер, а тој изјавува желба да биде министер на надворешните работи, но тоа не се прифаќа.
Во 1944 г. Ј. Чкатров и Т. Чундев се поканети да соработват со новата власт од Методи Андонов Ченто. По установувањето на комунистичката власт во Скопје Ј. Чкатров е уапсен. При протестирањето заради стрелањето на брат му Димитар е затворен во карцер во најжестоки услови. Осуден е по обвинение за „учество“ во братоубиствените војни на 15 години затвор. По убиството на брат му, започнува штрајк со глад и умира во ноември 1946 г. во скопскиот затвор.
“Владите на грабливците на нашата татковина се стремат да го убедат светот, дека ослободителното движење во Македонија е плод на надворешни, предимно Бугарски државнички махинации, а не на резултат на оние сложености од условите, среде кои изнемоштуваат нашите сонародници. Србските и грчки шовинисти дури го одрекуваат суштествувањето на каков и да е Бугарин во завладеаните територии од нив. Среде тоа се крева историската вистина и сегашните пројави на поробеното население. И без нив, меѓутоа, достаточно е да се погледне на емиграцијата од Македонија во Америка, за да се разбере смислата на целото македонско движење, како и вистината врз националниот карактер на населението од Македонија. Нашата емиграција во Америка се состои главно од бегалци од западна Македонија. Големото мнозинство од нив не биле никогаш во Бугарија. Меѓутоа, ниту еден македонец-словен не декларира во слободна Америка, при недостиг на каков и да е морален или физички притисок, дека тој е Србин. Македонските словени во Америка се чувствуваат како Бугари. Тие имаат Бугарски цркви и училишта; издаваат Бугарски весници и книги; се служат со Бугарскиот јазик, кој им е мајчин јазик, се гордеат со своето Бугарско име и Бугарско сознание. Тие не се и не можат да бидат жртва на „Бугарската пропаганда“.
МАКЕДОНСКАТА ЕМИГРАЦИЈА ВО АМЕРИКА, 1927 г.
Фото: Old Prilep
