ПРОШТАЛНА СРЕДБА НА МНР ДИМИТРОВ СО АМБАСАДОРОТ НА ПОЛСКА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, ЈАЦЕК МУЛТАНОВСКИ

//

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров денес оствари проштална средба со амбасадорот на Полска во Република Македонија, Јацек Мултановски.

Министерот Димитров изрази благодарност за успешниот професионален и личен ангажман на амбасадорот Мултановски во продлабочувањето на севкупните односи помеѓу двете земји, како и силната поддршка на Полска за целосна интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО, притоа посакувајќи му успех во неговите идни професионални активности.



Заблагодарувајќи се за добрата и пријателска соработка, амбасадорот Мултановски нагласи дека и по неговото заминување, останува силниот интерес за натамошно интензивирање на соработката во сферата на економијата, образованието, културата и туризмот помеѓу Република Полска и Република Македонија.

Претходна статија

ТАЖНАТА ВИСТИНА ЗА МОДЕРНОТО ОПШТЕСТВО (ФОТОГРАФИИ)

Следна статија

ГДУ НА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ИНТЕГРАЦИЈА НА РЕГИОНОТ ВО ЕУ

Најново од Вести