Ташев пред Радио Бугариja: Секој „македонски идентитет“ ги вклучува и Бугарите
Проект-извештајот за напредокот на Северна Македонија на патот кон европска интеграција стана една од најгорливите теми на Балканот последниве недели, откако известувачот Томас Вајц во документот ги вклучи формулациите „македонски идентитет“ и „македонски јазик“. Текстот предизвика остра реакција од бугарските европратеници, но беше усвоен од Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент.
Овој развој на настаните доведе до дополнителна консолидација на бугарските претставници во ЕП. Вчера стана јасно дека трите најголеми партии во европскиот парламент се договориле, референциите за македонски идентитет и македонски јазик да отпаднат од нацрт-документот на Томас Вајц, кој треба да биде гласан на 8 јули.
На 1 јули, Здружението на „Потомци на бегалци и иселеници од територијата на Северна Македонија“ испрати официјално писмо до Дејвид Мекалистер, претседател на комисијата за надворешни работи на ЕП. Од Здружението прашуваат што наложило вклучување на категориите „македонска идентитет“ и „македонски јазик“ во извештајот од 2025 година, имајќи предвид дека во извештаите на Европската комисија од 2023 и 2024 година вакви формулации не се споменуваат.
„Го поставуваме прашањето – каква е поврзаноста помеѓу напредокот на една држава кон европска интеграција и идентитетот на дел од нејзиното население? Потенцираме дека побаравме појаснување за каков „ македонски идентитет“ станува збор. Идентитетот е категорија која не е фиксна. Мислам дека претседателот на комисијата ќе биде изненаден од нашите прашања“, изјави доц. Спас Ташев од Институтот за проучување на населението и човекот при БАН во интервју за Радио Бугарија.
Ташев прогнозира дека мнозинството во Европскиот парламент на 8 јули нема да поддржи самостојно вметнување на изразите „македонска идентитет“ и „македонски јазик“ без дополнителни прецизирања, како на пример „современа“ или „модерна“. Тој изрази благодарност до сите бугарски европратеници кои се ангажирале да го следат движењето на официјалното барање во Комисијата за надворешни работи.
„Во нашето писмо прашавме и зошто, ако веќе се посочува ‘македонската идентитет’, не се наведуваат и идентитетите на другите етнички заедници согласно Уставот на Северна Македонија – Албанци, Турци, Роми, Власи, Срби? Недостатокот на такво набројување го сметаме за дискриминаторски пристап“, додаде Ташев. Според него, откако ЕУ и ЕП во 2022 година ја прифатија рамковната позиција според која впишувањето на бугарската заедница во Уставот е услов за почеток на преговори, необјасливо е зошто во извештајот не се споменуваат и Бугарите.
Ташев потсети дека Бугарија никогаш не го оспорувала правото на граѓаните на Северна Македонија да се чувствуваат како Македонци и да го нарекуваат својот јазик македонски. „Но, тие што се декларираат како Македонци немаат право да им забрануваат на оние кои сакаат да го сочуваат својот бугарски идентитет да ги именуваат своите мајчини дијалекти како бугарски“, нагласи тој.
