БОРИСОВ ИЗРАЗИ НАДЕЖ ДЕКА ЗА ЕДНА ГОДИНА И НЕШТО ЌЕ СЕ УКИНАТ АМЕРИКАНСКИТЕ ВИЗИ ЗА БУГАРСКИ ДРЖАВЈАНИ
Бугарскиот премиер Бојко Борисов соопшти дека во февруари во Бугарија треба да пристигне помошникот државен секретар за визи на САД и изрази надеж дека во рок од една година, една година и нешто Софија и Вашингтон ќе ја затворат оваа тема.
Борисов денеска заедно со американската амбасадорка во Бугарија Херо Мустафа раководи со Првата сесија на Бугарско-американскиот стратешки дијалог, којшто се одвива во Софија, јавуваат бугарските медиуми.
