| |

ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗВРШУВАЊЕ: ЦЕЛОСНО ИЗЗЕМАЊЕ ОД ИЗВРШУВАЊЕ НА КОРИСНИЦИТЕ НА ПОМОШ

Владата поднесе во Собранието Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за извршување, по скратена постапка.

Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување, се вели во законското образложение, е одраз на општествените потреби и реалната потреба за помош и поддршка на загрозените категории на лица кои се соочуваат со егзистенцијални проблеми,  но и на социјално ранливите групи на лица, кои не по своја вина не се во можност да ги намират своите долгови без да им се загрози егзистенцијата, не само лична туку и на нивните семејства, јавува Академик.

„Целта на измените на Законот за извршување е олеснување на финансиската состојба на  граѓаните на Република Северна Македонија, и истите се  во насока на целосно изземање од извршување на корисниците на помош согласно прописите од социјална заштита,  Законот за заштита на децата и прописите  за социјална сигурност за старите лица. Водејќи сметка и за социјално ранливите групи, законот предвидува смалување на паричните износи кои може да се зафатат со присилно извршување за лицата приматели на просечна плата и пензија, децата корисници на семејна пензија, како и хранителските семејства кои згрижуваат деца, од 1/3 на 1/5 од платата, пензијата, односно надоместокот. Се очекуваат големи придобивки од  социјален  карактер за наведените категории на социјално-економски план.

Целиот напис прочитајте го овде.



Слични Објави