| |

Трамп нареди распоредување на две нуклеарни подморници по провокативните изјави на Медведев

Претседателот на САД, Доналд Трамп, соопшти дека наредил распоредување на две нуклеарни подморници како реакција на, како што ги нарече, „исклучително провокативните“ изјави од страна на поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев, јавува БГНЕС.

„Врз основа на исклучително провокативните изјави на поранешниот претседател на Русија, Дмитриј Медведев… наредив две нуклеарни подморници да бидат распоредени во соодветни региони – за секој случај, доколку овие непромислени и запаливи зборови не се само зборови“, напиша Трамп на неговата социјална мрежа Truth Social.

Тој додаде дека „зборовите се важни и често водат до несакани последици“, истакнувајќи надеж дека „ова нема да биде еден од тие случаи“.

Во својата објава, Трамп не прецизираше дали подморниците се опремени со нуклеарно оружје или се само со нуклеарен погон, ниту откри каде точно ќе бидат распоредени – информација која традиционално се чува во тајност од страна на американската војска.

Слични Објави