|

МВР со кривична пријава против поранешната директорка на средното училиште во Демир Хисар

МВР поднесе кривична пријава до битолското обвинителство против поранешната директорка на средното училиште во Демир Хисар, Маја Лозановска. Таа е осомничена дека ги криела службените печати, со што новоименуваната директорка Јасмина Дамчевска не можела да раководи со училиштето.

Адвокатот на Лозановска тврди дека неговата клиентка „нема направено никакво кривично дело“ и дека пријавата е „невешт обид да се прикријат незаконските дејствија на градоначалникот на Демир Хисар“.

По завршувањето на боледувањето, Лозановска се јавила на разговор во полиција и ги предала печатите на истражните органи. Таа веќе го подигнала решението за разрешување, донесено од градоначалникот Никола Најдовски, и најавила дека ќе го обжали.

Пред една недела, полицијата изврши претрес во нејзиниот дом и во училиштето. При акцијата, полицискиот началник инсистираше таа на носилки да биде спроведена на информативен разговор, иако за тоа нема наредба од Обвинителство. МВР го оцени тоа како непрофесионално однесување и го разреши началникот од функцијата.

Слични Објави