Лажна дојава за бомба во авион на скопскиот аеродром
Ноќеска на бројот за итни повици 112 била добиена пријава за поставена бомба во авион на „Меѓународниот аеродром Скопје“, кој требало да полета кон Турција.
„Денеска (16.08.2025) во 02:41 часот на телефонскиот број 112 е добиена пријава за поставена бомба во авион кој од ‘Меѓународниот аеродром Скопје’ требаше да полета кон Турција. Веднаш по добиената пријава преземени се соодветни активности и извршени се потребните проверки од страна на антитерористичката единица при МВР и утврдено е дека пријавата е лажна односно дека нема никаква експлозивна направа,“ соопштија од МВР.
По завршувањето на проверките, околу 06:00 часот аеродромот продолжил со редовното работење.

