| |

Стрип автори од Бугарија, Србија и Северна Македонија ќе творат во рамките на 22 Меѓународен салон за стрип „Велес 2025“

22 Меѓународeн салон за стрип „Велес 2025“ ќе биде свечено отворен денеска. На отворањето ќе се доделат награди, дипломи и признанија за годинашниот меѓународен стрип-конкурс. Предвидена е и изложба со избрани дела од истиот конкурс. Исто така ќе се претстават и стрипови по повод 15 години од издавањето на балканскиот стрип серијал „Вековници“,промотер ќе биде Марко Стојановиќ од Лесковац, Србија.

Стрип-центарот на Северна Македонија, објави предходно дека годинава, на традиционалниот стрип-конкурс се пријавиле рекордни 396 автор од цел свет, од кои 164 од нашата земја. Вечерва во Европска куќа Велес ќе се прогласат најдобрите автори.

Утре почнува 7-та по ред стрип колонија, која е дел од Стрип салонот .Од 21 до 24 август во излетничкото место Нежилово стрип автори од разни генерации од ; Бугарија, Србија и Северна Македонија заеднички ќе творат свои стрипови. Поддржувачи на овој настан се : Министерството за култура и туризам на Северна Македонија, Општина Велес , Европска куќа –Велес и многубројната стрип заедница од државата.

Слични Објави