Луфтханза останува во Скопје и во зимата 2025/26, но со намален број летови
Германскиот авиопревозник „Луфтханза“ ќе продолжи да ја одржува линијата Скопје–Франкфурт и во текот на зимскиот ред на летање 2025/26. Наместо суспензија во февруари и март, компанијата ќе изведува по три лета неделно — секој понеделник, петок и недела.
Во истиот период годинава се реализираа по десет ротации неделно. Според зимскиот распоред, во ноември и декември ќе има по десет лета неделно, во јануари бројката ќе се сведе на седум, а во февруари и март ќе нема секојдневна услуга. Летовите ќе се изведуваат со авион Ербас А319.
„Луфтханза“ ја воведе оваа линија во април 2023 година, како дел од програмата за субвенционирани авиолинии поддржана од Владата на Северна Македонија. Во првата година беа превезени над 73.000 патници, а во 2024 таа бројка надмина 105.000.
