| |

Пливачи од градот Сандански во Бугарија учествуваа во „Штафетно нуркање за мир“ во Охрид

Тринаесет храбри и хумани луѓе со својот силен дух и волја, вештина и способност ги брануваа мирните езерски води нуркајки на здив на патека во должина од 25 метри, поставена во водите на Охридското Езеро, кај Старото пристаниште, јавува Охрид прес.

„Сите тие, но и бројни посетители, волонтери на Црвен крст Охрид од сите возрасти, беа дел од меѓународниот уникатен настан „Штафетно нуркање за мир“ кој се реализира во рамки на овогодинешниот Фестивал на водени спортови, а по повод јубилејот 80 години Црвен крст Охрид. Штафетното нуркање го започна 71-годишниот Јане Петков, „човекот амфибија“ од градот Сандански, Бугарија нуркајки 25 метри со една рака врзана за телото, а го продолжија припадници од специјалната единица на АРМ, Волци, спортски ентузијасти од Охрид и двајца ветерани од Бугарија. Сплотени сите заедно, од Охрид, „Балканскиот Ерусалим“ упативме силна порака за мир, почитување и толеранција и практикување на здрави животни навики како услов за здрав разум, порачаа организаторите. 



Слични Објави