Во Китен беше отворено 23-то издание на националните студентски игри „Летен универзитет“
Националните студентски игри создаваат заедништво и го зацврстуваат студентскиот и академскиот спортски дух. Ова го изјави министерот за образование и наука на Бугарија, Красимир В’лчев, при отворањето на 23-то издание на „Летен универзитет“ во Китен.
„Секоја година иницијативата се надградува и собира сè повеќе учесници. Честитки до организаторите од Националното претставништво на студентските совети и успех на сите во натпреварите,“ порача министерот В’лчев, кој се вклучи и во еден од фудбалските натпревари.
Во рамките на „Летен универзитет“ се одржуваат натпревари во одбојка, плажен тенис, разни турнири, како и предавања и обуки. Се очекува во спортските и други активности да се вклучат околу 600 студенти од 38 високообразовни институции во Бугариja.
Иницијативата е проект на Националното претставништво на студентските совети и започна во 2002 година под името „Национални студентски игри“. Целта е да се создадат услови за активен дијалог меѓу студентските заедници на универзитетите во Бугарија.
