|

Зеленски го поздрави 19-от пакет санкции на ЕК против Русија

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, го оцени нарушувањето на естонскиот воздушен простор од руски воени авиони како дел од „системска кампања против Европа и НАТО“, а не како изолиран инцидент, јавува БНР.

Зеленски го поздрави 19-иот пакет санкции на Европската комисија против Русија, нагласувајќи дека мерките ќе ги погодат руските приходи од енергенси, финансирањето, високотехнолошките ресурси и воено-индустриската база на Москва. Тој изрази очекување санкциите брзо да бидат усвоени од земјите членки.



Слични Објави