| |

МНР на Бугарија: Нарушување на естонскиот воздушен простор е провокација кон источниот фланг на НАТО

Министерството за надворешни работи на Бугарија соопшти преку социјалната мрежа „Екс“ дека нарушувањето на воздушниот простор на Естонија претставува провокација насочена против европските сојузници на источниот фланг на НАТО, јавува БНР.

Во објавата на бугарското МНР се нагласува дека меѓународниот мир и безбедност не можат и не смеат да бидат компромитирани, при што се истакнува дека „овој модел на дестабилизирачки дејствија мора да запре“.

Според информациите од вчера, три руски авиони-ловци МиГ-31 навлегле во воздушниот простор на Естонија без дозвола. Талин ги оцени потезите на Москва како неприфатливи.

Американскиот претседател Доналд Трамп изрази незадоволство од ситуацијата, додека Министерството за одбрана на Русија ги негираше тврдењата дека нивни авиони летале над естонска територија.



Слични Објави