| |

Здружението „Наследство“ со остра осуда за нападот врз публицистот Владимир Перев

Здружението „НАСЛЕДСТВО“ остро го осудува физичкиот и вербален напад врз новинарот и публицист Владимир Перев, кој во Скопје беше нападнат, навредуван и изложен на говор на омраза врз основа на неговата етничка припадност и јавното делување.

Ваквиот чин претставува сериозна повреда на основните човекови права – правото на лична безбедност, достоинство и недискриминација – и го отсликува растечкиот простор за етничка нетрпеливост и омраза во општеството.

Ги повикуваме надлежните институции да спроведат брза, темелна и транспарентна истрага и да обезбедат одговорност, бидејќи заштитата на човековите права, еднаквоста и различностите е основа на секое демократско и праведно општество.

Слични Објави