| |

Клучен конгресмен ја повика администрацијата на Трамп да изврши притисок врз Србија и за поактивна улога на САД на Балканот

Републиканецот Брајан Маст, претседател на Комисијата за надворешни работи во Претставничкиот дом на САД, поднесе амандман во Конгресот со кој се предвидува засилено ангажирање на САД на Балканот и појасно дефинирање на американската политика кон регионот, јавува БГНЕС.

Амандманот ја нагласува стратешката важност на Балканот и ги поставува главните приоритети на Вашингтон, меѓу кои се поддршка за независноста на Косово и неговото идно членство во НАТО, зголемен притисок врз Србија за намалување на врските со Русија и Кина, како и проширување на санкциите кон лица и структури што го попречуваат мирот и стабилноста во Западен Балкан.

Дополнително, предлогот наложува назначување американски амбасадори во неколку балкански земји, вклучувајќи ги Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

„Помошник-државниот секретар за европски и евроазиски прашања ќе изготви стратегија за обновување на стабилноста во регионот, која ќе вклучи препораки за тоа како САД можат да ја поддржат независноста на Косово и неговото идно членство во НАТО“, се наведува во текстот на амандманот.

Слични Објави