|

Светска банка: Северна Македонија, Косово и Молдавија- земји со најголемо намалување на населението

Во новиот извештај на Светската банка Северна Македонија, Косово и Молдавија се издвоени како дел од државите со најголемо намалување на бројот на жители во светски рамки.

Причина за овој негативен тренд е масовната емиграција. Истата е најизразена во источна Европа, каде што, како што наведува извештајот, „разликата во платите со државите од Западна Европа и можностите што ги отвора интеграцијата во Европската унија поттикнуваат иселување на работната сила“.

Светската банка предупредува дека регионот на Источна Европа со децении е меѓу најпогодените од ваквите демографски промени, при што одливот на население сериозно го менува социоекономскиот пејзаж на земјите.

Слични Објави