| |

Желјазков пред Трамп: Стратешкото партнерство меѓу Бугарија и САД е клучно за развојот на односите

Стратешкото партнерство меѓу Бугарија и САД е од клучно значење за понатамошниот напредок на билатералните односи. Ова го изјави бугарскиот премиер Росен Желјазков преде претседателот на САД, Доналд Трамп, во Њујорк, јавува пресцентарот на бугарската Влада.

Желјазков учествуваше на традиционалниот прием што го организира американскиот претседател по повод сесијата на Генералното собрание на Обединетите нации.

Во рамките на нивниот краток разговор, премиерот нагласил дека енергетиката и одбраната се меѓу најважните области во кои двете земји постигнуваат историски успеси и со забрзано темпо ја продлабочуваат својата соработка.



Слични Објави