Андоновска: За горење на 14 живи луѓе – 1,5 години, за кубење коса – 4 години, тоа е судството отворено како пупка што го создаде СДС
На денешната прес-конференција, Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ остро ја критикуваше состојбата во македонското судство, кое, како што нагласи, е целосно ставено под команда на СДС и ДУИ. Таа посочи на апсурдот со кој за трагедијата во Тетово, каде изгореа 14 лица, судството изрече само 1,5 година затвор за двајца директори, додека, за споредба, за „кубење коса“ се досудуваат и до 4 години затвор. Според Андоновска, ова е доказ дека одговорност за функционерите на СДС нема, а граѓаните остануваат без правда.
„За горење на 14 живи луѓе – 1,5 година, за кубење коса – 4 години затвор, тоа е судството отворено како пупка што го создаде СДС.
Судството под команда на СДС и ДУИ, даде вкупно 3 години затвор, за 14 живи изгорени луѓе во модуларната во Тетово. По 1,5 година за двајца директори на Тетовската болница, а Венко Филипче не беше повикан ниту на информативен разговор.
За губење на човечки животи казни како за прекршок, а за кубење коса се добива и до 4 години затвор. Апсурд кој постои само во судството под диктат на СДС и ДУИ.
Судиите со 2% доверба ја оправдуваат својата послушност кон СДС и ДУИ, а криминалците се шетаат слободни. Народот останува без правда.
Во нормална држава, Филипче одамна ќе беше зад решетки. Кај нас, тој сега води партија и ветува подобар живот за сите, а претходно за жал, 14 животи скрати, поради 20% анекс на договор.
Ова е судството на СДС. Одгворност за нивни членови, нема. Време е за вистински реформи и одговорност!“

