| |

Започнаа обуките за наставници во рамки на програмата „Иднина за таленти“ на бугарското Министерство за образование и наука

Во Националниот STEM центар на Бугарија започнаа обуките за наставници кои ќе бидат идни раководители на школи за талентирани ученици и идни олимпијци. Иницијативата е дел од програмата на бугарското Министерство за образование и наука „Иднина за таленти“, чија цел е искусните педагози да го пренесат своето знаење и искуство на помладите наставници.

Министерот Красимир В’лчев ги поздрави учесниците и истакна значењето на мотивацијата и добрата подготовка на учениците. Првите обуки ги започнаа наставниците по информатика, а потоа ќе следат оние по математика.

Програмата, со буџет од 1,5 милиони лева (околу 750 илjaди евра), предвидува создавање мрежа од национални и регионални школи за талентирани ученици во областа на математиката, информатиката и останатите природни науки.



Слични Објави