|

Мицкоски ѝ испорача на фон дер Лајен што очекува Северна Македонија од Европската унија

„Ја истакнав решеноста на Владата да ја забрза евроинтеграцијата на државата преку конкретни резултати и исполнување на европските стандарди. Посочив дека државата очекува од Европската Унија јасна и конкретна посветеност, како потврда на европската перспектива и поддршка за граѓаните кои со децении остануваат посветени на европските вредности“, изjaви премиерот на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски по средбата со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Мицкоски се сретна со фон дер Лајен во просториите на Владата, во рамки на нејзината балканска турнеја.

Мицкоски информира дека на средбата се разговарало за европската перспектива, напредокот на реформските процеси, економската соработка, енергетската безбедност и дигиталната трансформација.

Премиерот смета дека, посетата на претседателката на Европската комисија претставува потврда на отворениот дијалог и заемната подготвеност за продлабочување на партнерството, во интерес на стабилноста, економскиот развој и европската иднина на земјата.

Слични Објави