| |

Филипче најави кадровски промени во раководството на СДСМ по изборите

Лидерот на опозицискиот Социјалдемократски сојуз (СДСМ) денеска беше во посета на Општина Аеродром, од каде најави кадровски промени во раководството на партијата по завршување на вториот круг од локалните избори што треба да се одржи следната недела, на 2 ноември, јавува 360 степени. Според него, тоа се должи на резултатот на изборите во првиот круг, особено во некои скопски општини.

„После ланскиот тежок пораз, после интензивна работа оваа измината година и пол, сега овие избори се показател за тоа како да се поставиме и како да функционираме во следниот период. Очигледно е дека е потребно, посебно во тие општини каде не го постигнавме посакуваниот резултат, да продолжиме со интензивна работа. Во тој контекст, најавувам политичко-кадровски промени во раководството по изборите, за што ќе бидете известени“, рече тој.

Во општините каде имаат нивни кандидати за градоначалници, како што рече, се соочувале со притосоци пред гласањето, и тоа во вид на финансиски контроли, преку центри за социјална работа, а биле нудени и пари за гласови. Поради тоа, додаде дека работеле во тешки околности. Посочи дека за сите овие случаи ги известиле надлежните институции.

Филипче од Аеродром ги повика жителите на општината во вториот круг да гласаат за нивниот кандидат за градоначалник Александар Трајановски.



Слични Објави