| |

Google со ново финансирање во висина од 1 милион долари за бугарскиот научен институт INSAIT

Институтот за компјутерски науки, вештачка интелигенција и технологии (INSAIT) при Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“ ќе добие ново финансирање во износ од 1 милион американски долари од компанијата Google, соопшти бугарското Министерство за образование, јавува БТА.

Со ова најново дарение, вкупната поддршка што технолошкиот гигант ја обезбедил за INSAIT надминува 6 милиони долари. Средствата ќе бидат насочени кон поддршка на научно-истражувачката работа на институтот, како и кон националната програма Explorer, која им помага на талентирани бугарски ученици да продолжат со високо образование во Бугарија во областа на информатиката и високите технологии.

INSAIT е основан со цел да создаде светски центар за истражување и иновации во областа на вештачката интелигенција и компјутерските науки, кој ќе го задржи и развива научниот потенцијал на младите бугарски експерти во земјата.



Слични Објави