| |

Бугаринот Мирослав Петков прогласен за „Полицаец на годината“ во Атланта

Полицаецот Мирослав Петков од полициската управа на град Атланта е избран за „Полицаец на годината“ за 2025 година, соопшти Бугарско-американската полициска асоцијација (BAPA) на својата официјална страница на Фејсбук, јавува БТА.

Атланта е еден од најголемите градови во Соединетите Американски Држави, а во нејзината полициска служба работат речиси 3000 припадници на органите на редот, истакнаа од организацијата. Од BAPA упатија честитки до офицер Петков, изразувајќи гордост од неговото признание.

„BAPA, граѓаните на Атланта и сите Бугари ширум светот се гордеат со тебе!“ — се наведува во пораката на асоцијацијата.

Бугарско-американската полициска асоцијација е основана на 20 февруари 2020 година од осум бугарски државјани – шест полицајци и двајца шерифи, членови на различни полициски агенции во сојузната држава Илиноис, конкретно во регионот на Чикаго.

Според детективот Марио В’лков, кој претходно зборуваше за мисијата на организацијата, BAPA е создадена со благотворна цел и делува во согласност со локалните и федералните закони во САД.

Слични Објави