| | |

(Видео) Желјазков: Европа треба да ја прифати заштитата на демократијата како одбранбена политика

Премиерот на Бугарија, Росен Желјазков, изјави дека европската безбедност не може да се темели исклучиво врз вредности, поддржувајќи ги наодите од денеска објавениот извештај на Центарот за проучување на демократијата, пренесе БГНЕС.

Желјазков истакна дека Европа мора да ја третира заштитата на демократијата како одбранбена политика, не како идеолошка декларација. Според него, оваа политика треба да се гради на три темели – институционален, технолошки и вредносен.

Тој нагласи дека Бугарија, како членка на источниот фланг на НАТО, има и обврска и можност да придонесе кон трансформација на Црното Море во сигурен мост меѓу демократските држави. Како клучни механизми ги посочи иницијативата Три мориња, Европската политичка заедница и соработката со партнери како Норвешка.

Според премиерот, војната во Украина е најголемата демонстрација на руската намера да ги оспори западните демократски принципи, користејќи дигитални напади, саботажи и енергетска уценa со цел дестабилизација на Европа и демократскиот свет.

Желјазков додаде дека на 1 јануари 2026 година Бугарија ќе го направи решавачкиот чекор кон целосна европска интеграција. Приемот на буџетот за 2026 година, кој ќе биде првиот во евро, го оцени како клучен „Рубикон“ што земјата мора да го помине.



Слични Објави