| |

ДОДЕКА ТАТКОТО СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ СИНОТ СОБИРА ПАРИ ЗА НЕГОВОТО ЛЕКУВАЊЕ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Младиот штипјанец Михаило Донев, веќе неколку дена се обидува да собере донации за неговиот татко Ристо, кој поради компликации на неговото здравје предизвикани од ковид-19 и неможноста да биде примен во некој од ковид-центрите во главниот град, за да го спаси својот татко морал да го смести во приватна клиника, пренесува Плусинфо.

„За лекуваање на државно, пробавме секаде. Единствено место имаше во Козле, меѓутоа таму ми рекоа дека е за полесни пациенти и ништо не успеавме да направиме на државно и покренавме иницијатива за хоспитализирање во приватна клиника“ – вели Михаило.

Како што посочува Михаило, за лекување на неговиот татко се потребни 15.000 евра, и тоа само за првите десет дена. Доколку Донев треба да се лекува подолго, сметката ќе расте. Семејството не може да го подмири овој долг, па поради тоа Михаило упати апел до сите хумани луѓе да помогнат во оваа тешка битка.



Слични Објави