| |

Претседателот Радев одликуваше тројца припадници на бугарската армијаза придонес кон националната безбедност

Претседателот на Бугарија, Румен Радев, одликува тројца припадници на бугарските вооружени сили со Претседателскиот почесен знак за нивниот значаен придонес кон националната безбедност. Одликувањата беа врачени во пресрет на Денот на Kопнените сили – 19 ноември, јавува БНР.

За особени заслуги во услови на мир, со почесното признание беа наградени генерал-потполковник во резерва Захарин Илиев, потполковник Иван Иванов – командант на 42. механизиран баталјон кој раководеше со активностите за гаснење шумски пожари во областа Јамбол, како и ефрејтор Васил Марков, кој ова лето активно учествуваше во справувањето со повеќе шумски пожари.

„Почитувани припадници на вооружените сили, сакам да ја изразам својата благодарност што продолжувате со посветеност и одговорност да ја извршувате вашата служба како заштитници на Татковината“, порача претседателот Радев на церемонијата.

Во име на одликуваните, поранешниот командант на Сувоземните сили, Захарин Илиев, истакна:

„Состојбата се менува. Потребна е решителна промена во подготовката на личниот состав, совладувањето на техниката, вооружувањето и новите технологии.“



Слични Објави