Државниот архив на Бугарија доби нови дигитализирани документи од Романија за историјата на бугарскиот град Балчик
Државната агенција „Архиви“ на Бугарија се збогати со нова вредна документација по добивањето дигитални копии од Државниот архив на Романија. Станува збор за материјали од архивниот фонд 827 на Градското општинско управување – Балчик, кои опфаќаат 16 архивски единици со повеќе од 3.900 страници, јавува БНР.
Во содржината се вклучени одлуки, записници од седници, како и списоци на влезна и излезна кореспонденција на општинската администрација. Документите се особено значајни затоа што го опфаќаат најраниот период на обновувањето на Бугарската држава – од 1878 до 1898 година, истакнува доц. д-р Михаил Груев, претседател на Државната агенција „Архиви“. Тие сведочат за административната работа на локалната власт уште од времето на Времената руска управа (1877–1878).
Груев дополнува дека се во тек разговори со романските архивски служби за потпишување договор за соработка, бидејќи во нивните фондови се чуваат многу документи поврзани со историјата на Јужна Добруџа.

