Со спектаклот „Крстопат на културите“ во Пловдив ќе биде претставен фолклорот на седум европски земји
Популарната бугарска пејачка Нина Николина и фолклорниот ансамбл Тракия вечерва ќе го претстават музичкиот спектакл „Крстопат на културите“. Настанот започнува во 19:00 часот во Дом на културата „Борис Христов“ во Пловдив, соопштија од културната институција.
Проектот го прикажува богатството на европскиот фолклор преку современ и иновативен музички пристап. Идејата е на Нина Николина, која заедно со ансамблот „Тракија“ и формацијата „Магичните гласови“ создава музички и културен мост меѓу Бугарија, Хрватска, Албанија, Грција, Италија, Шпанија, Романија и Украина.
