Амбасадорите на Бугарија, Словенија, Црна Гора и БиХ се сретнале со архиепископот Стефан
Амбасадори на четири држави во РС Македонија, биле на гости кај архиепископот Стефан во неговата резиденција на Кале, пишува Религија.
Гостите се од регионот. Тројца амбасадори на земји членки на НАТО, Желјазко Радуков од Бугарија, Грегор Прескер од Словенија, Зоран Миљаниќ од Црна Гора. Четвртиот бил амбасадорот на Босна и Херцеговина, Драган Јаќимовиќ.
Кабинетот на архиепископот не соопшти детали за што е разговарано, но сподели фотографии од средбата во неговата резиденција. Во секој случај станува збор за невообичаена посета, стои во материјалот на Религија.

