| |

Бугарија меѓу водечките земји во ЕУ по раст на реалните приходи на домаќинствата за периодот 2014–2024

Бугарија се наоѓа на четвртото место во Европската унија според растот на реалните приходи на домаќинствата во периодот од 2014 до 2024 година, јавува БГНЕС.

Реалните приходи на бугарските домаќинства пораснале за 45%. Пред Бугарија се само Романија (76%), Унгарија (55%) и Хрватска (51%).

Показателот за доход на домаќинствата ги мери средствата што им стојат на располагање за потрошувачка или штедење, по одбивање на даноците на доход и пензиските придонеси. Во него е вклучена и вредноста на услугите како образование и здравство што домаќинствата ги добиваат бесплатно од државата и од непрофитните организации.

Иако Бугарија заостанува зад Романија според стапката на раст, водечки политичари од оваа земја признаваат дека по воведувањето на еврото, Софија е „вистинскиот победник“ во конкурентската трка што започна уште со предпристапните преговори за членство во Унијата.

За споредба, во периодот 2014–2024 година, просечниот раст на приходите на домаќинствата во ЕУ изнесува 17%, а во еврозоната 14%.

Во големите економии Германија и Франција, приходите на домаќинствата пораснале за 13%, односно 12%, што е под просекот на Европската унија.



Слични Објави