| |

Чепеларе го одбележува златото на Дафовска од Нагано ’98 со дводневна спортска програма

Бугарија се потсетува на својот прв и засега единствен златен олимписки медал од Зимски олимписки игри. Истиот е освоен од Екатерина Дафовска во Нагано во 1998 година, јавува БНР.

Годинешното одбележување ќе се одржи на 8 и 9 февруари, на две различни локации во родниот град на Дафовска Чепеларе.

Во недела, на врвот „Мечи чал“, ќе се одржат натпревари во сноуборд и алпско скијање за различни возрасни категории – од најмладите учесници до мажи и жени.

Во понеделник, програмата продолжува на плоштадот „Олимписки“ во Чепеларе со Зимен олимписки ден. Предвидено е обраќање на градоначалникот на општината Боран Хаџиев, штафетни игри и спортски натпревари со учество на деца од градинките и училиштата во Чепеларе и селото Павелско, како и натпревар во ориентација во Градскиот парк.

Сите настани ќе завршат со свечено доделување награди на учесниците.

Слични Објави