| |

Желјазков на неформална средба со Мелони, Мерц и Де Вевер

Бугарскиот премиер Росен Желјазков учествуваше на неформална средба со премиерката на Италија Џорџа Мелони, федералниот канцелар на Германија Фридрих Мерц и премиерот на Белгија Барт Де Вевер, јавува БГНЕС. Форматот ѝ претходеше на денешната седница на Европскиот совет.

Разговорот беше посветен на интеграцијата на единствениот пазар, поедноставувањето на бирократските процеси во Европската унија, трговската политика и безбедноста на надворешните граници на ЕУ. Премиерот Желјазков со колегите разговараше и за подготовката на програмата за конкурентност на Европската унија.



Слични Објави